Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец, информира Управата за хидрометеролошки работи – УХМР.
Максималната температура во Охрид ќе достигне 29 степени.
Во вторник не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на локално невреме, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура во Охридскиот регион ќе се спушти до 16 степени, а максималната ќе достигне 26 степени.
Г.М.












