Во рамки на акцијата Ден на дрвото- засади ја својата иднина, во општина Охрид денес се пошумува во месноста Орман.
Околината на Охрид се пошумува со млади садници чемпрес и јасен.
Во акцијата учествуваа претставници од општина Охрид – сектор за заштита на животна средина и управување со отпад, извидници, ученици од ОУ „Дебарца“ во с. Белчишта, ученици од средните училишта во Охрид, вработени во шумските претпријатија од Охрид и Дебарца, граѓани…
Вакви акции во Македонија се спроведуваат два пати годишно, со цел пошумување на голите предели.
OhridNews