Фото: Одбележан празникот посветен на великомаченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж во Лагадин
30.09.26 14:02
Голем број верници денес присуствуваа на црковно-народниот собир кој се одржа пред малата црквичка во Лагадин посветен на великомаченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж, а по повод денешниот празник.
Беше одржана богослужба, а традицијата е на овој ден да се осветат празничната софра и вода. Бројните граѓаните трпеливо чекаа во редици да запалат свеќа.
Малата црква во Лагадин посветена на Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж, во 2000 година ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче, кој средствата кои се собираат во црквата на овој ден ги донира во хумани цели.
Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни души беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа.
Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите. Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога.
Во Лагадин одбележан празникот Св. Маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж
Проектот „Охрид In Situ – архитектура, континуитет и мудрост на местото“, на Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата „Континео“ од Скопје, ќе ја претставува Македонија на 20 Инт...
На 29092026 во 13:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ирина Гинова Мирка“ во Охрид, едно лице физички нападнало 73-годишно лице, двајцата од Охрид Таа се здобила со телесни повреди,...
За десетина дена треба да завршат градежните активности во поткровјето на охридската Гимназија, а следната година ќе продолжат и другите активности Веќе е изработен проектот за реконструкција на фа...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.