Под мотото „Ние не сме професионалци, ние сме гимназијалци“, вчеравечер, во Центарот за култура „Григор Прличев“, учениците од охридската Гимназија, под менторство на професорот по латински јазик, Стефан Каневче, по 10-ти јубилеен пат го одржаа традиционалниот предновогодишен хуманитарен концерт.

 

 

Фото А. Момироска

Младите креативци на сцената ги изведоа најголемите евровизиски хитови и со својот настап ја воодушевија публиката во полната сала.

Собраните средства, како и секоја година се наменети за помош на ученици, на кои таа им е потребна, за реализација на претстојните екскурзии.

OhridNews e медиумски покровител на настанот.

Фото галерија:

OhridNews

Фото: Анамарија Момироска