Со изложба на уметнички фотографии „Маски и асоцијации“ од авторот Анастас Ќушкоски и настапот на рок групата Културно Уметнички Работници, на култната група Архангел, Неша Галија и диџеј Рутбој, синоќа, започна карневалското лудило во Вевчани.

Главниот настан, василичарското дефиле под маски, се случува денеска, 13-ти јануари, со почеток во 14 часот.

Вечерта пак, во пресрет на дочекот на Новата година по стариот календар, посетителите ќе имаат прилика да слушнат повеќе етно-состави, меѓу кои и Баклава.

Следниот ден, на 14-ти јануари, е традиционалното палење на маските.

Карневалот во Вевчани е една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот со единствена симболика и традиција која се негува повеќе од неверојатни 14 века и кој според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, исконска традиција, таинственост и уникатни маски.

OhridNews