Граѓанин поставил оглас на бандера непосредно до Заводот за нефрологија во Струга, во кој ги нуди своите професионални способности за нега на болни и изнемоштени лица. Овој вид услуги не се ништо невообичаено во светот, но најчесто се објавуваат во специјализирани медиуми, огласници или на интернет. За секој случај, тука се и бандерите.

OhridNews