Несовесните пешаци, кои до сега не ги почитуваа  сообраќајните прописи и булеварот ,,Туристичка” го преминуваа низ слободните отвори помеѓу жардинерите, во иднина ќе бидат принудени тоа да го прават единствено на пешачките премини, кои се означени за оваа намена.


Ова се должи на металните заштитни огради или граничници, кои деновиве се прицврстени, речиси на сите канделабри од уличното осветлување на  булеварот.


Со овие граничници, наделжните во Охридската локална самоуправа сакаат да ја зголемат безбедноста на пешаците и возачите, но  и да  спречат несакани последици.

OhridNews