Весела и празнична атмосфера насекаде во Охрид. Се празнува и слави големиот верски празник Богојавление Водици. На тезгите поставени околу градското пристаниште традиционално се точеше топла ракија, се делеше пача, се пееше и славеше.
Кафулињата и рестораните преполни со гости, се пие греана ракија, се слуша староградска музика.
На Сараиште традиционално, за здравје, во осветената вода се капат и млади и стари.
Се полнеше од осветената вода за здравје, се палеа свеќи во чест на празникот.
OhridNews