Охриѓани и туристите кои денешниот сончев ден го искористија за прошетка низ чаршијата и кејот во Охрид, можеа да почуствуваат вистинска предновогодишна атмосфера. Покрај украсите, новогодишната елка и лизгалиштето на мраз, на градскиот плоштад денес беше поставена и бината на која од вечерва до 31-ви декември ќе се одржува Новогодишната програма.
Според планираното секоја вечер на плоштадот ќе има забавни активности за кои ќе бидат задолжени учениците од основните и средните училишта, членовите од културно уметничките друштва и актерите на Охридскиот театар.
Во среда во спортската сала ,,Билјанини извори“ ќе има новогодишна приредба, а во четврток во Центарот за култура “Григор Прличев“ ќе се одржи хуманитарен концерт ,,Пееме да помогнеме и да се забавуваме“. Во сабота на градскиот плоштад ќе настапи стендап комичарот Никола Тодороски.
OhridNews