Фудбалерите на Охрид со убедливи (9-0) ја совладаа Дебрца во дербито во последната рунда и ја заверија првата позиција на табелата во Општинска фудбалска лига.
Со високиот триумф охридските бели и вратија на Дебрца за поразот (6-3) од есенската полусезона кој остана единствен на контото од Охрид.
Четири од деветте голови постигна Илија Кироски, по два реализираа Мухамед Максути и Љупчо Далчев, а еднаш мрежата на противникот ја погоди и Ване Никодиноски.
По комплетирањето на сите мечеви во ОФЛ познати се и бараж двојките по кои ќе се дознае учесникот во бараж мечевите за влез во Третата лига.
Двојки бараж: Дебрца – Сатеска (недела 17 часот), Охрид – Лакочереј (сабота 17 часот).
Резултати: Лакочереј – Воска одложена, Вулкан – Сатеска 3-2, Охрид – Дебрца 9-0, Рудар – Вапила 3-4, Св. Петар – Злести 3-0.
Табела: Охрид 47 бодoви, Дебрца 42, Сатеска 39, Лакочереј 31 (-1), Воска 21 (-1), Вулкан 18, Вапила 18 Св. Петар 15, Злести 9, Рудар 7.
OhridNews