Историскиот успех на македонската кошаркарска репрезентација предизика експлозија од воодушевување во целата држава. Охриѓани непосредно по големата победа над домаќинот на Европското првенство, Литванија, спонтано излегоа на улиците. Река од луѓе, автомобили со вклучени сирени и моторцикли се слеваше кон плоштадот „Св. Климент Охридски“ каде во досега невидена еуфорија се прослави пласманот на македонската кошаркарска репрезентација во полуфиналето на Европското првенство. Посебно расположени беа охридските „Рибари“ кои продефилираа низ охридските улици пеејќи ја навивачката „Излези момче“. Ѕвездените моменти на македонскиот спорт внесоа позитивна енергија и ја сплотија нацијата како никогаш до сега.

Радувај се Македонијо!


Охрид обоен во црвено жолто


OhridNews

фото: Емилио