Силниот летен дожд проследен со грмотевици кој денеска го зафати Охрид не предизвика поголеми проблеми информираат надлежните институции. Поројниот дожд ги “светна“ градските улици кои набрзо по престанокот на врнежите се исушија.

Попладнево Охрид се капи во сонце, кое ги измами охриѓани и туристите на прошетка покрај езерото.

Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме не очекува и утре. На места врнежите ќе бидат пообилни (над 30л/м2), проследени со силен ветер (над 70км/ч) и изолирана појава на град, информираат од УХМР Македонија. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 25 степени Целзиусови.

OhridNews