Снегот кој од синоќа паѓа во Охрид формира бела покривка од неколку сантиметри.

Снегот го разубави Охрид, кој се подготвува за претстојните новогодишни празници да нагости туристи од целиот регион.

Според прогнозите во сабота во Охрид ќе преовладува сончево, но студено време, со максимална температура до 3 степени Целзиусови. Од недела следуваат повторно врнежи од снег и драстично опаѓање на температурите. 

Во текот на последните денови од годинава максималните температури ќе се движат од -11 до 2, а минималните од -14 до -8.

фото: Горан Момироски