Некогаш маглата и смогот беа вистинска реткост во градот покрај големото езеро, но денес тоа не е така.

Екологистите сметаат дека појавата на магла и смог во Охрид е последица на интензивната урбанизација и изградбата на голем број висококатници со што се намали природниот провев во градот. Според други се работи за сосема нормална појава во екот на грејната сезона, кога е зголемена употребата на огревното дрво и други материјали кои се користат за затоплување.


Охрид обвиен во смог

Фото: Васко Бујароски