Охрид се полни за новогодишните празници. Низ градот евидентно е зголемо движење како во сообраќајот, така и на туристи покрај кејот, во чаршијата и низ кафулињата. Веќе се чувствува претпразничната атмосфера, карактеристична за последните денови од годината.
Хотелиерите и угостителите очекуваат одлична посетеност, со понуда од богато празнично мени и разновидна забава до раните утрински часови за сечиј вкус и возраст.
Според најавите најмногу туристи за Новогодишните празници ќе има од соседството, Срби, Бугари, Грци, како и туристи од Црна Гора.
Градот е празнично украсен, централното градско подрачје и Кејот на езерото осветлени, угостителските и сместувачките објекти подготвени.
За дочекот на Новата година на градскиот плоштад Општина Охрид подготви богата програма каде охриѓани и туристите ќе може да уживаат во забавата која започнува со загревање на атмосферата од 15:30 часот со настап на DJ Ace.
Потоа од 20 часот следува музички перформанс на DJ Yuxell, со кој официјално започнува вечерната новогодишна програма. Охридскиот музички ас Ѓоко Танески ќе настапи од 21 часот, по него од 22:20 часот охридската фолк икона Ефто Пупиноски, како и македонската поп ѕвезда Влатко Лозановски од 23:45 часот. Забавата ќе продолжи и по полноќ со сетот на DJ Bagzi од 01:15 часот.
На 1-ви јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ со почеток во 20:00 часот за забавата ќе се погрижат легендарната група „Меморија“ и музичкиот состав „Фузија“.
Во овие тешки моменти, кога голем број семејства во Општина Гостивар се соочуваат со последиците од загадувањето на водата за пиење и неговото влијание врз нивното здравје и секојдневен живот, наша...
Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид ги известува граѓаните дека во периодот од 2772026 година (понеделник) до 3172026 година (петок) од страна на Општина Охрид ќе се спроведе админи...
Во Националната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, со поддршка на Министерството за култура и туризам, во периодот од 24 јули до 5 август 2026 година ќе биде поставена постхум...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.