Во рамки на глобалната кампања за поддршка на лицата со ретки болести, синоќа, во кафе и бар „Шила“ во Охрид, се одржа интересен хуманитарен настан. Присутните поддржувачи на кампањата, млади волонтери на Црвениот крст и хумани граѓани бесплатно ги црташе познатата граѓанска активистка Анета Јованоска.
– Настанот има за цел подигање на јавната свест за лицата со ретки болести, на кои, симболично, на овој начин сакаме да им изразиме поддршка. – велат активистите од здружението за ретки болести „Живот со предизвици“ од Охрид.
Инаку, Денот на ретки болести оваа година се одбележува по единаесетти пат. Кампањата, која се одвива паралелно и на интернет и социјалните мрежи, силно е поддржана од институции, училишта, организации, хумани граѓани, медиуми и јавни личност од Охрид.
Охрид се црта за поддршка на лицата со ретки болести
OhridNews

























