Сијалички во најразлични бои, обликувани во украсни форми и голем број новогодишни реквизити, блеснаа на плоштадот, во градскиот парк, и по шеталиштето во Охрид. Освен централниот дел на градот, новогодишно руво добија и главните улици и приградските населби.


 
Екипите на ЈП Охридски Комуналец исто како и во претходните години и за овогодинешното украсување, употребија голем број светлечки украси кои се во сопственост на локалната самоуправа.

OhridNews