Лоши навики или недостаток на елементарна култура? Оваа грда слика викендов ја видоа туристите кои вообичаено ја посетуваат катедралната црква Св. Софија и знаменитостите во стариот дел на градот. Токму затоа неодамна непосредно до Св. Софија беше поставен и инфо пулт, каде туристите можат да добијат корисни информации за градот. Веројатно мештаните повеќе би сакале тука да има корпа за отпадоци или контејнер.
Во најмала рака чуден однос, ако се има предвид дека во овој дел од градот речиси и да нема куќа која не живее од туризам и има прекрасни сместувачки капацитети. Прекрасни ни се и спомениците на културата и природните убавини, но со вакво однесување едноставно ги обезвреднуваме.
Г.Момироски
фото:Емилио