Ракометарите на Вардар со охридска поддршка од трибините во „Ланкасе арената“ во Келн ќе ги одмерат силите со Барселона во 1/2 финалето во Лигата на Шампиони.

Настапот на годинешниот Ф4 турнир во ЛШ е прв за „црвено црните“ и затоа возбудатата е уште поголема кај навивачите кои ги има од цела Македонија.

Натпреварот помеѓу шпанскиот и македонскиот првак се игра во 18 часот, а како најава е дуелот помеѓу Веспрем – Пари Сент Жермен.

OhridNews