Охридската фудбалска школа „Фер Плеј“ со пригодна свеченост го прослави третиот роденден. Прославата се одвиваше на стадионот „Атина Бојаџи“, а присуствуваа сите членови со нивните родители.

За три години „виолетовите“ станаа синоним за успех во Охрид и школа со најмногу дечиња. Учестуваа на многубројни турнири во Охрид, Македонија и надвор од земјата.

– Без членовите во школата немаше да бидеме денеска тоа што сме. Напорно работиме целосно сме фокусирани за сите дечиња да успеат во фудбалскиот свет. За нашиот квалитет говорат наградите, трофеите и многуте покани за учествување на квалитетни турнир во и надвор од нашата земја – истакнаа од „Фер Плеј“.

“Ферплејците“ немаат време за прослава и одмор веќе в четврток заминуваат на турнир во Кралјево, Србија со две генерации 2001 и 2003 година.

Мх.П.