Охридските бреинобреин генијалци продолжуваат да нижат успеси. На 16-от Интернационален oнлајн Бреинобреин-абакус натпревар освоија 3 трофеи, 9 златни и 8 сребрени медали. Денес на настан кој беше организиран во просториите на Црвен крст Охрид на малите генијалци им беа доделени трофеите, медалите и сертификатите.

На 24 јануари се одржа шеснаесетиот Интернационален натпревар, но онлајн. Вкупно зедоа 23 912 ученици од целиот свет или поточно од 79 земји во светот. Нашиот Бреинобреин Црвен крст центар од Охрид зеде учество со 20 ученици и освоивме три трофеи, девет златни медали и осум сребрени медали. Вкупно се натпреварувавме во десет бреинобреин категории, вели Ангела Кузманоска, инструктор во програмата.

Малите генијалци не ја криеја радоста и среќата од освоите медали кои претставуваат голем поттик за понатамошни успеси.

  • Јас доаѓам од Ресен. Лесно ми беше на натпреварот,  освоив златен медал, вели Илијана.

  • Освоив златен медал и се чувствувам убаво, вели Калин.

  • Освоив златен медал, вели Никола.

  • Освоив средбрен медал и од цел свет децата кои сакаат нека се запишат во програмата, Наум.

  • Освоив сребрен медал, вели Дарија.

  • Освоив златен медал. Решив 18 задачи и задоволен сум што го освоив медалот, вели Кирил.

  • Решив седум задачи и освоив сребрен медал, вели Никита.

  • Освоив златен медал, решив 29 задачи и многу сум задоволен, вели Иво.

  • Напишав 26 задачи и многу сум задоволен од златниот медал, Матеј.

  • Ова ми е шести или седми натпревар и многу сум среќен што го освоив пехарот, вели Христијан.
  • Ова мене ми е втори пехар и среќен сум дека освов пехар, вели Натанаил.

  • И мене ова ми е втори пехар и среќна сум многу што добив пехар, вели Ива.

Координаторот и инструктор во програмата Валентина Кузманоска посочи дека завршени се пролетните уписи за Бреинобреин програмата, додавајќи дека овој пролетен циклус голем бил одзивот и интересот посебно од возрасната категорија 5 и 5,5 години.

Почнавме веќе со часовите. Формиравме две групи со оптимален број на деца, тринаесет, четиринаесет деца во група и сме презадоволни од интересот. Најголем презентер на нашата програма се задоволните родители, чиишто деца веќе ја посетуваат или ја завршиле програмата и нивните втори или трети деца веќе се дел од нашиот центар. Бреинобреин програмата е програма за развој на животни вештини, како меморија, концентрација, визуелизација, имагинација, креативни способности. На многу високо ниво се подигнува самодовербата кај децата и со завршување на програмата стануваат лидери на сопствениот живот, со точно јасни цели кон каде ќе чекорат понатаму во животот. Значи, тоа се вештини со коишто бенефит имаат не само во моментот кога ја посетуваат програмата, туку тоа се животни вештини за цел живот, додава Кузманоска.

И овој пат, интернационално мерливите резултати покажаа и потврдија дека охридските Бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот.

Н.С.Ј.