Во таборот на охриѓани сеуште се свежи сеќавањата од минатогодишниот пораз 9-1. Затоа “рибарите“ горат од желба за победа на утрешниот меч против кавадарчаните.
– Еден од најлошите натпревари за Охрид последниве десетина години. После тој меч во Кавадарци ние влеговме во позитивна серија, па така нека биде и сега. Одиме на трите бодови и подготвени сме за одмазда за поразот од есенската полусезона – порачаа од клубот Охрид 2004.
Натпреварот се игра на стадионот “Атина Бојаџи“ со почеток од 14 часот. На центарот ќе застане скопскиот судија Марјан Младеновски, а ќе му помогаат Џенан Хајдари и Саше Тошевски.