– Амбициите ќе пораснат високо, ако обезбедиме финансии за доведување на нови кошаркари. На оваа екипа ако додадеме уште двајца квалитетни кошаркари ќе имаме респектабилен тим и за повисоки дострели – посочи тренерот на охриѓани, Весна Балазоска.
Охридските кошаркари под будното око на Балазоска ќе одработат две фази на подготовки. Првата ќе биде физичката спремност на кошаркарите додека другата ќе претставува дополнително воигрување на екипата.
– Повеќе акцент ќе ставиме на физичката спремност, а паралелно ќе работиме и на таткички план. Првата полусезона ја одигравме одлично, во пролетниот дел сите противници против нас ќе играат поагресивно и на нас останува да се припремиме физички и да одговориме на сите предизвици кои ни престојат – заврши Балазоска.
Првиот натпревар кошаркарите на Лихнидос го играат на 23 февруар на гостински терен против екипата на Неготино.