Членовите на мото клубот „Мото Охрид“ утрово тргнаа на кружна тура до Струмица, во спомен на нивниот колега Крсте Велјаноски – Велјан, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи пред една година на магистралата Охрид – Кичево.
Рано утрово членовите на „Мото Охрид“ се собраа на градскиот плоштад, носејќи на себе маички со ликот на Крсте Велјан. По заедничката фотографија го посетија вечното почивалиште на нивниот колега по што заминаа за Струмица.
На овој начин мото клубот „Мото Охрид“ им оддава почит на сите свои починати колеги.
Охридските моторџии возат почесен круг во спомен на Крсте Велјан
OhridNews
фото: Крсте Варе





















