Членови на Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид под водство на Јован Секулоски (AI Trainer)  учествуваа во интернационалниот тим на нуркачи кои нуркаа на 100 годишнината од потонувањето на бродот „Кајзер Франц Јозеф“.

Бродот „Франц Јозеф“ е крстосувач на Австроунгарската монархија изграден во 1890 година. Учествувал во Првата светска војна, а пловел на Северно, Балтичко море, на Крит, Лисабон. Бродот бил добро наоружан со моќни топови.

По капитулацијата на Австро-Унгарија, по завршување на Првата светска војна, бродот бил под надзор на Франција. Во големо невреме бродот потонал на 17.10.1919 година во Јадранското Море. Тој лежи на левата страна на длабочина од 45 метри блиску до полуостровот Превлака. Покрај и во внатрешноста на бродот можат да се забележат поголеми количини на експлозив и јата на риби.

Нуркањето го организира Нуркачкиот центар „ЕПИДАУРУМ“ од Цавтат, Република Хрватска.

OhridNews