Членовите на спортското планинарско друштво „Tomoros Peak“, деновиве се искачија на Кајмакчалан (2521 м.н.в.), највисокиот врв на планината Ниџе.


Кајмакчалан е меѓу најмалку посетуваните врвови во земјата поради непристапниот и тежок терен и оддалеченост од цивилизација, но од друга страна тој е можеби најфасцинантниот,
најмистичниот и полн со историја предел, велат охридските планинари Танески, Бубески и Пирузе.  Самиот врв нуди поглед кон речиси сите останати планински масиви во Македонија.


Оваа планина на границата помеѓу Македонија и Грција е позната како поприште на најжестоките борби на Солунскиот фронт за време на Првата светска војна. Според одредени историски записи врвот Кајмакчалан бил висок 2525 метри, но во текот на силните борби, артилериските проектили буквално збришале 4 метри од планината. На Кајмакчалан животот со загубиле десетици илјади војници.


Охридската планинарска експедиција, што ја овозможи приватната здравствена установа „Дарон“, ги посети историските места на Кајмакчалан.

OhridNews