Дел од охридската ракометна екипа го проследи дербито Струга и Радовиш во првата машка ракометна лига. Стружани го совладаа Радовиш и се закитија со титулата есенски прваци.


Распоредот во втората половина од сезоната во лигата им оди во прилог на “гладијаторите“. Во Охрид, Радовиш гостува во првото додека Струга во седмото коло.

Затоа не беше случајно присуството на ракометарите  на Охрид на супер дербито во последната рунда од есенската полусезона.

Мх.П.