Во ист состав како од првата полусезона ракометниот клуб Охрид 2011 ги започна подготовките за пролетниот дел. По првата етапа охридските ракометари завршија на шестата позиција со 17 бодови.

– На подготовките повеќе акцент ќе ставиме на физичката спремност. Ние ако сме спремни 100% нема екипа која ќе може да не совлада во Првата машка ракометна лига – потенцираше тренерот на охриѓани, Горан Андоновски.

Мх.П.