Силниот ветер од јужен правец, што вчера го зафати регионот го разбранува Охридското Езеро. Големи бранови го заплискуваа брегот, но тоа не им сметаше на охриѓани кои и покрај дождот и силниот ветер не се откажаа од прошетка покрај разбеснетото езеро.
Според најавите, во текот на денешниот и утрешниот ден ќе преовладува променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни, со грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 13 степени Целзиусови.
Охридското Езеро „побеле“