Судејќи по излгедот низ охридските „маала“, граѓаните се подготвени на традиционален начин да ја испратат „старата“ година по Јулијанскиот календар.

Во повеќето дворови од индивидуалните и станбени објекти, охриѓани уште од попладневните часови ги подготвуваат василичарските огништа, кои се карактерстични за овој дел од земјава.

Според некои обичаи, традиционалните василичарски огнови се палат околу 20 часот. Жителите од секое „маало“ се собираат околу огновите,  пиејќи греена ракија и вино, а сето тоа зачинето со колбаси и мезе.


охриѓани подготвени да ја испратат „старата“ година

Инаку, на 14-ти јануари православните верници го слават и споменот на Свети Василиј Велики.

O.T.