Група млади охрѓани, во најголем број припадници на навивачката група „Рибари“ од Охрид, попладнево се собраа на плоштадот „Св. Климент Охридски“ да им оддадат почит на петмината убиени кај Смиљковци.


– Се собравме спонтано на повик што беше упатен преку социјалните мрежи за да изразиме сочуство до семејствата на загинатите, истакнаа учесниците на собирот.


Ним на градскиот плоштад им се придружија и случајни минувачи кои со палење свеќи им оддадоа почит на убиените.


Мирниот собир на граѓаните од Охрид, покрај домашните медиуми го проследија и телевизиски куќи од соседна Србија.

OhridNews