По четврти пат во организација на Црвен крст Охрид, денеска се одржа традиционалната, хуманитарна спортско-рекреативна акција “За посреќно детство”. На манифестацијата која има широк општествен карактер, учество зедоа околу 800 млади кои се натпреваруваа во хуманитарната трка и се приклучија во креативните работилници и други натпревари, кои се одржаа на градскиот плоштад. Настанот беше збогатен со настап на младите музички ѕвезди од фестивалот „Распеано Рибарче“.
Во рамки на денешната акцијата Црвен крст Охрид го промовираше партнерството со здравствениот комплекс „Св. Ѓорѓија“, во чиј склоп работат Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, аптката „Виа Фарм“ и солената соба „Виа сол“. Тие за учесниците во хуманитарниот хепенинг обезбедија бројни пригодни подароци, како и десет стоматолошки третмани за лица од социјално загрозени семејства месечно, во текот на целата година.
Го промовираа партнерството Сашо Точков и Д-р Небојша Баткоски
-На овој начин сакаме да им помогнеме на лицата кои од разни причини не можат да добијат стоматолошка нега. Ова е само почеток на соработката со Црвениот крст во рамки на која ќе бидат реализирани и други хуманитарни проекти, изјави Д-р Небојша Баткоски, од здравствениот центар „Св. Ѓорѓија“.
Средствата собрани од оваа акција со продажба на учесничките броеви и со обезбедување на прилози од спонзори и донатори, ќе бидат наменети за набавка на соодветни производи со кои ќе се помогне на децата од социјално најзагрозените семејства во Охрид и Дебарца.
Адора Инженеринг меѓу општествено одговорните компании