Голем број вљубеници во филмската уметност присуствуваа на отварањето на второто издание на фестивалот на францускиот филм, што синоќа започна во Охрид. Меѓу нив и познати личности од јавниот и политичкиот живот, бизнисмени. Сите зачекорија по црвениот тепих поставен пред Центарот за култура каде се одржуваат кино проекциите. Голем дел од нив внимателно ја одбрале облеката. Кај мажите доминираа елегантните костими, додека изборот на жените беше поразновиден, од свечени тоалети до лежерни летни комбинации. Се разбира имаше и исклучоци. Охрид живее со филмскиот фестивал.


Со стил на црвениот тепих

Ohridnews