Група странски туристи, кои викендов беа во посета на Охрид, буквално ја окупираа градската фонтана кај Чинарот. Нашите претпоставки се дека туристите биле изморени од долгата прошетка по охридските знаменитости, па решиле малку да се одморат.

Инаку оваа фонтана отсекогаш била интерeсна за оние кои сакаат да направат фотографија од нашиот туристички центар, па затоа често може да се видат и групи на туристи, кои се фотографираат токму на ова место.

OhridNews