Пресекот на улиците „Дејан“ и „Сирма“ Војвода, претставува една од најопасните крстосници во Охрид.  Посебно во летниот период, возачите не го почитуваат соодветниот сообраќаен знак, кој е поставен од двете страни на улицата.


улицата без соодветна сигнализација, првенство имаат возилата кои вртат десно

Во последните неколку дена, знакот кој означува улица со првенство на поминување, го снема од едната страна на улицата. Граѓаните предупредуваат дека голем број на возачи, доколку нема соодветна сигнализација, нема да знаат кој има предност на оваа незгодна крстосница. Тие апелираат до соодветните служби, што поскоро да се врати знакот на овој патен правец.

О.Т