Во пожар кој синоќа во 02:20 часот избил во хотелот „Бренд“ во близина на Охрид, опожарено е приземјето на објектот, а пламените јазици ги зафатиле рецепцијата, една канцеларија, шанк со опрема и постепеничниот дел.
Како што информираат од Противпожарната служба, огнената стихија е целосно ликвидирана во 3:50 часот, а интервенирано е со 3 противпожарни возила и осум пожарникари.
При интервенцијата на охридските пожарникари, извршена е безбедносна евакуација на тројца гости кои престојувале во хотелот.
OhridNews
фото:Емилио