Оштетената Информативната табла која беше поставена на почетокот од пешачката патека од ,,Горна Порта” до населбата „Кошишта“ повеќе не го нагрдува местото каде што стоеше. Отстранувањето на таблата најверојатно е резултат на фото-веста ,,Слобода или смрт на информативна табла во Охрид’’ што пред неколку дена ја објави OhridNews.


Немаме информација дали таблата ја отстраниле надлежните институции или пак минувачите кои секојдневно поминуваат тука.


Втората табла која исто така е исчкртана со различни графити сеуште стои на своето место.


OhridNews