Дел од бетонските столпчиња кои се поставени по должина на кејот „Македонија“ како граничници за паркинг просторот, веќе подолго време се оштетени и претставуваат грда слика за туристите кои секојдневно минуваат на градскиот кеј во Охрид.

Охриѓани велат дека надлежните служби треба во најскоро време да ги отстранат оштетените столпчиња и на нивно место да постават нови.

Вакви слични оштетувања на бетонските столпчиња, во текот на изминатиот период беа забележани и на уште неколку други локации во Охрид.

OhridNews

Вечерва забава во Кадмо бар со „The sound messengers“ Ерик Фокс и Симона Попоска