Оштетени бетонски столпчиња, кои пред неколку години беа поставени за заштита на тревните и пешачки површини од возила, долг период стојат расфрлани на повеќе места во центарот на градот.

Освен што се грда слика за минувачите,  претставуваат и опасност за децата кои најчесто играат во зелените површини покрај градскиот кеј.

Граѓаните со барање до надлежните да се отстранат расфрлените бетонски столпчиња и санираат местата на кои биле поставени и да се заменат со нови.

Бетонските столпчиња за кратко време по нивното поставување беа оштетени на повеќе места низ градот.

OhridNews