Сто и триесет ученици од основното училиште „Григор Прличев“,попладнево, ја посетија полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Охрид.

Целта на посетата, која се реализира по барање на ова основно училиште, е запознавање на работата на полициските службеници поврзана со безбедноста во сообраќајот, како и запознавање на материјално-техничките средства и опрема што сообраќајната полиција ја користи во секојдневното извршување на работните задачи, информира портпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димоски.

Посета на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Охрид, ќе се реализира и на 10-ти април, кога согласно школската настава, полициската станица ќе ја посетат четириесет ученици од петто оделение од основното училиште „Григор Прличев“.   

OhridNews