Ширум Македониоја вчера започна кампањата „Македонија без отпад 2012“, која  се спроведе и на пповеќе локации во Охрид.
Во акцијата која е иницирана од граѓанскта асоцијација „Ајде Македонијо“, а под покровителство на Министерството за животна средина и просторно планирање, се приклучија и неколку охридски училишта.
Активно учество во акцијата зедоа и учениците од ОУ. „Ванчо Николески“ – Лескоец кои спроведоа еко- акција за собирање  стара хартија и пластика. Се собраа неколку вреќи пластични шишиња и стара хартија кои веднаш по акцијата беа транспортирани на рециклирање.
Во акцијата освен учениците учество зедоа директорот, стручната служба и наставниците. Пред почетокот на акцијата се одржа едукативно – информативна презентација на која учениците беа информирани за корисната страна на отпадот, неговото редуцирање, реупотреба и рециклирање со цел зголемување на нивната еко свест и совест.
По презентацијата учениците организирано под надзор на своите раководители се погрижија за хигиената на училишниот двор, игралиштето и поблиската околина со чиј почист и поуреден изглед на крај сите беа задоволни.

Отпадот вчера се чистеше на 436  пријавени локации во 50-тина општини во државава. 
Главниот акцент на активностите е ставен на собирање и правилно одложување на отпадот, но се реализираше и едукација и тоа  во вкупно 225 основни и 62 средни  училишта со предавање на теми за отпад од еколошкиот мултимедијален „Зелен пакет јуниор“.
Со оваа кампања, граѓаните на Република Македонија се вклучија во глобалната акција – Lets do it! World 2012, која е и официјално поддржана од Европскиот Парламент и се одвива во 85 земји.
OhridNews