Охриѓани веќе подолг временски период реагираат на ниската еколошката свест на поединци, кои отпадот го одлагаат во природата.
На потегот над бензиската пумпа „Макпетрол“ во месноста „Билјанини Извори“, може да се забележи најразличен отпад од тешко разградливи материи, кои ја нагрдуваат сликата во најголемиот туристички центар во земјава.
Охриѓани се надеваат дека во периодот кој претстои, ќе бидат преземени активности за расчистување на овој потег, со оглед на тоа што оваа локација честопати е посетена од гостите кои престојуваат на ривиерата
OhridNews