Со пригодни свечености, О.У „Св. Климент Охридски“ синоќа го одбележа патрониот празник.

По тој повод во училиштето беше отворена изложба на уметнички фотографии на тема „Охрид те сакам“ на која беа претставени делата на талентираните млади уметници. Свеченостите беа збогатени со приредба на која настапија ученици од повеќе одделенија. На свеченоста обраќање имаше директорката на училиштето Славица Илиќ, која на најдобрите ученици им ги врачи наградите за постигнатиот успех во учењето и на натпреварите во знаење.


О.У. Св. Климент Охридски го одбележа патрониот празник

OhridNews
фото: Емилио