Снегот го парализира Охрид. Под тежината на влажниот снег има паднати и наведнати бандери, искинати и надвиснати кабли, искршени се и многу дрвја и гранки, а оштетени се повеќе возила.

Движењето на возилата и пешаците низ градот е отежнато, а дополнителна опасност претставуваат натежнатите гранки од дрвјата.

Поради неповолната временска состојба дел од училиштата во Охрид, Струга и околината ја прекинаа наставата, а не работат и дел од институциите.

Г.М.