Палмите кои пред два дена беа засадени во Холандскиот парк во пресрет на акцијата „Ден на дрвото“ добија свои заштитни обивки поради ниските температури.

Надлежните слично постапија и на потегот долж градскиот кеј, каде на почетокот од овој месец беа засадени првите од вкупно предвидените 100 палми кои ќе го красат Охрид.

О.Т.