Вработените во Локалната самоуправа, традиционално, денес во просториите на Општина Охрид, на заеднички појадок ги бараа василичарските парички. Паричките годинава паднаа кај Јасмина Момироска, Кристина Алачов и Никола Прангоски.
Секоја година на Василица во локалната самоуправа појадокот го организираат оние кај кои паричката се паднала минатата година. Во 2016 среќа да ја најдат паричката имаа Димитрија Вервезоски, Симе Стефаноски, Виолета Лупеска и Елена Терзоска.