По жестоките препукувања во изминатите денови, кандидатите за градоначалник на Охрид на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ, Александар Петрески и Кирил Трендафилов – Нанче, денеска демонстрираа вистински фер-плеј. Во очи разговорот со американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер, тие двајца, барем пред камерите, срдечно се поздравија. Се надеваме дека изборите на 5-ти април во Охрид ќе минат во фер и демократска атмосфера како што беше тоа случај во првиот круг на 22 март и дека на 6-ти април, поразениот на победникот вака ќе му ја честита победата.


Петрески и Нанче демонстрираа фер-плеј

фото: Мирко Постоловски