Десеттина македонски винарии и неколку увозници на вино ги претставуваат своите производи на првиот „Охридски фестивал на виното“ што од вечерва до сабота се одржува на кеј „Македонија“.

Покрај можноста за дегустација на сортни вина, охриѓани и гостите имаат можност да уживаат во богатата забавна програма со охридските бендови „Камелеон“, „Бекдор бенд“, „Ле Трик“, Ѓоко Танески, Фолтин, Александар Јосифовски, Ареа, Наум Петрески, Нина Јанева, Супехикс и диџеи.

Почна првиот „Охридски фестивал на виното“

Се надевам дека охриѓани и гостите ќе уживаат во забавната програма и дегустација на вината, истакна организаторот на Винофестот Пане Темов, посочувајќи дека кај винариите одамна постоел интерес за таков фестивал во Охрид.

Целта на настанот, според градоначалникот Кирил Пецаков, е продожување на летната туристичка сезона.

Идејата ни е преку вакви манифестации и настани да придонесеме кон привлекување гости и во овој период од годината. Годинава, дополнително Фестивалот се поклопува со Охридскиот пливачи маратон и со тоа ќе имаме еден убав и би можел да речам продожен викенд во Охрид. Охриѓани и гостите заслужуваат да имаат вакви културни манифеста, изјави Пецаков.

OhridNews