Подготовките на охридските атлетичари за Куп натпреварите се во полн ек. Тие со макотрпните тренинзи сакаат што подобро да се престават на завршницата од Купот, на кој сеуште не е одреден домаќинот.


– Сите ние сакаме квалификациите и финалето од Купот да биде во Охрид, а не како што беше до сега само финалето. Ќе направиме напори завршницата од “кралицата на спортовите“ да ја донесеме во Охрид –
рече тренерот на Атлетскиот клуб Охрид, Влатко Димитров.

Викендов што измина градот Скопје беше домаќин на првенство за пионери. Охридскиот клуб учествуваше со еден престаник Мартина Мироска, која освои два златни медали во 100 метри со време (13,85) и скок во далечина (4,70).

Мх.П.