Показна вежба на спасување на вода и евакуација на патници од опожарен пловен објект беше спроведена вчера попладне во водите на Охридското Езеро во центарот на градот.

Во вежбата учествуваа припадници на МВР од повеќе оддели, со полициски службеници од СВР – Охрид, Граничната полиција регионален центар „Запад“, САЕ „Тигар“, ЕСЗ, ЦУК, ДЗС, Капетанија на пристаништа, „Црвен крст“ и Територијалната протипожарна единица од Охрид.

Целта на вежбата, како што беше истакнато, е да се демонстрира подготвеност на полициските сили и останатите салужби за делување во нвакви и слични ситуации.

Безбедносната сеостојба во Охрид е стабилна, а туристите можат да уживаат во преубавите туристички центри…Во рамки на летната сезона СВР – Охрид е потпомогната со полициски службеници од други центри. Така што и оваа година ќе бидеме подготвени да ги преземени сите дејствија и да одговориме на сите предизвици, истакна во изјава за медиумите министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Вежбовната активност во Охридбеше спроведена во рамки на проектот на МВР „До Вас, за Вас“, при што беше презентиран и дел од опремата, возилата и другите материјално технички средства што ги користат полициските службеници при извршувањето на секојдневните задачи.

Фото галерија:

Полицијата спроведен показна вежба за спасување од чамец во опасност на Охридското Езеро

Г.М.
Фото: А. Момироска